Ако сè уште не сте ја примиле вакцината, можеби ќе ве интересира како да подготвите и што да јадете и пиете пред и по вакцинацијата.

Избегнувајте алкохол во двата случаја

Иако некои нема да имаат посебни несакани ефекти по вакцината, други може да доживеат главоболки, замор, болки во мускулите, гадење…

Нутриционистката Синтија Сас нуди совети како да ги ублажите несаканите ефекти со избирање на вистинска храна, но и што да избегнувате.

Дури и само малку алкохол лесно може да предизвика дехидрираност, што ќе ги интензивира несаканите ефекти.

Алкохолот е исто така поврзан со негативно влијание врз имунитетот, затоа е потребно да се избегне.

Исто така, ако сте во состојба на мамурлак, нема да можете да препознаете дали се тоа последиците од алкохолот или вакцината.

Растителни влакна, зелени растенија и повеќе одмор

Ако сте одморени, имунитетот ќе работи најдобро што може.

Според истражувањето, ако јадете премалку влакна, заситени масти и шеќер, тоа може да влијае на наизменичното спиење.

И обратно, влакната ќе ви овозможат длабоко и квалитетно да спиете.

Зелена салата, леќа, маслиново масло, лосос и цитрус можат да бидат добар избор.

Ако сте гладни пред спиење, јадете малку овошје или ореви …