Дали е во ред верник да му се моли на Бога за финансиска помош или тоа е грев? Ова прашање ги мачи многумина, особено во време кога егзистенцијалните грижи се сè почести. Токму на оваа тема зборуваше Предраг Поповиќ во видео што го објави на Instagram, а неговата порака привлече големо внимание во јавноста.

На 25 декември, денот кога во православниот календар се одбележува Свети Спиридон Чудотворец – светител на кого многу верници му се обраќаат токму поради материјални тешкотии – отец Предраг објасни кога молитвата за пари е оправдана, а кога ја губи својата смисла.

Тој јасно порачува дека самата молитва за пари не е грев, но пресудно е со каков мотив човекот се обраќа кон Бога. „Не е грев човек да му се моли на Бога за пари“, вели тој, додавајќи дека и самиот во животот му се молел на Свети Спиридон и дека таа молитва му помогнала.

Според неговите зборови, Свети Спиридон помага и во материјални потреби, но само кога тие се искрени и оправдани. Молитвата, нагласува тој, нема смисла ако зад неа стојат алчност, лакомост или желба за нечесно стекнато богатство. „Не оди тоа – да одиме во кладилница и да се молиме за пари“, предупредува отецот.

Молитвата е оправдана кога финансиската помош е потребна за нормални животни работи: да се прехрани семејството, да се обезбеди дом и стабилност преку чесна работа. Воедно, тој потсетува дека молитвата му помага на човекот да ја препознае Божјата помош и да остане смирен и благодарен.

Фото: Принтскрин Инстаграм