Органското кокосово масло можете да го најдете по маркетите и аптеките. Лесно достапно е, природно, здраво и со широк спектар на примена.

Освен во исхраната кокосовото масло може да го користите и во козметика, а ќе се изненадите за што се може да го аплицирате кокосовото масло.

  • Усни 

Кокосовото масло може да ви ги замени лабелата, да ви ја хидрира и исчисти ефикасно кожата на усните.

Со однос на тоа дека е 100% природно можете да го нанесувате на уста без проблем. Дури и лижењето на устата нема да претставува проблем бидејќи кокосовото масло служи за исхрана и нема ниту еден адитив, ниту хемикалија во него.

  • Нега на кожа од лице 

Доколку имате осетлива кожа на лицето, кокосовото масло е вистински избор за вас.

Тоа ќе ја хидрира вашата кожа, а мрснината од маслото ќе ја заштити вашата кожа од бактерии.

Кокосовото масло не ја иритира вашата кожа, ниту стимулира развој на акни бидејќи е 100% органско.

  • Нега на кожа од стапала 

Мртвите клетки од стапалата магично ќе исчезнат со нанесување тенок слој на масло од кокос.

Кожата по третманот ќе ви биде мека и мазна како штотуку да сте излегле од педикир.

Маслото на стапалата нанесете го по туширањето и триењето на мртвите слоеви од клетки на стапалата.

  • Нега на коса

По туширањето нанесете малку кокосово масло на влажна коса и исушете ја.

Маслиновото масло и дава потребна мрснина на косата, ги штити влакната од кинење, ја обликува вашата коса и ги регенерира врвовите на косата.

Наместо препарати полни со хемикалии како балсами или регенератори, доволно е да користите само кокосово масло кое ја заменува услогата на сите поединечни познати препрати.

Згора на тоа ви заштедува и многу пари!