Во новата серија (Un)well која е достапна на платформата Netflix на документарен начин се прикажуваат современите навики и практики на современите Американци кои се во трка по здравјето.
Една од невообичаените практики е и секојдневно внесување на мајчино млеко, за кое некои истражувања објавени во престижниот магазин Discovery потврдуваат дека помага на човечкото тело во борба против болестите.
Лекарите во САД, мајчиното млеко го нарекуваат првата вакцина која ја добиваат новореоденчињата. Но дали е ефикасно доколку го конзумираат возрасни единки е прашање што е ставено под голем прашалник.
Во САД се присутни голем број на онлајн продавници за мајчино млеко, при што смрзнато или свежо мајчино млеко од 200 грама се продава за 20 долари во просек. Иако порачката на мајчиното млеко не е регулирана со Закон, здравствените служби одлучиле да направат бактериолошка проверка на мајчиното млеко.
При една проверка тие откриле дека голем број од единиците на мајчино млеко што се продаваат на пазарот имаат високо присуство на бактерии, како салмонела, ешерихија коли и сл. А кај голем број од продажните единици се детектирало многу мало присуство на мајчино млеко и додатоци како што се кравјо млеко или вода.
Дел од родителите на посвоени деца редовно порачуваат мајчино млеко од онлајн продавниците, но голем е процентот и на луѓе кои се занимаваат со фитнес и сметаат дека мајчиното млеко им помага за побрз мускулен раст.