Би-би-си ја претстави листата на 100-те најинспиративни и највлијателни жени од целиот свет за 2021 година.

Годинава на списокот се жени кои иницираа „ресетирање“ – оние кои придонесоа за обнова, заживување и промена на нашето општество, култура и свет.

Меѓу нив се Малала Јусафазаи, најмладата добитничка на Нобеловата награда за мир, Фијаме Наоми Матафа, првата премиерка на Саома, професорката Хајди Џеј Ларсон, која го води проектот „Доверба во вакцините“ и познатата писателка Чимаманда Нгози Адичи.

Жените од Авганистан сочинуваат повеќе од половина од овогодинешната листа – некои од нив се претставени под псевдоним и без фотографија, заради нивна безбедност.

Враќањето на талибанците на власт во август 2021 година ги промени животите на милиони Авганистанци – на девојчињата им беше забрането да одат во средно училиште, Министерството за женски прашања беше распуштено, а на многу жени им беше кажано да не се враќаат на работа.

Овогодинешниот список им оддава почит на нивната храброст и достигнувања додека се стремат да ги ресетираат сопствените животи.

Списокот на 100 жени кои го ресетираа светот на BBC погледнете го на линков.