Никој не може да функционира во хаотична средина, бидејќи таа има силно влијание врз менталното здравје.

Научно е докажано дека луѓето кои живеат во хаос имаат поголем ризик да страдаат од депресија или психичко пореметување.

Но, одржувањето на хигената особено во просторот каде што вие се движите не треба да го препуштате на друг.

Причини зошто треба да чистите сами:

  • Ваша организација

Вие ја правите организацијата на работите и ја прилагодувате средината кон своите потреби.

Доколку го препуштите тоа на друг отсуството на учество во организацијата може да ви направи чувство на помала припадност во просторот.

  • Чувство на корисност 

Кога ќе си го средите вашето работно биро имате чувство дека сте направиле нешто корисно.

Тоа чувство изостанува доколку некој друг наместо вас го направи редот на вашето биро.

  • Повеќе активност

Чистењето значи и физичка активност и е добро за вашата циркулација.

Физичката активност ги намалува шансите за развој на ментални болести.