На телото му е потребен холестерол за да изгради здрави клетки, но високото ниво може да биде многу опасно. Како резултат на зголемувањето на вредноста на холестеролот, се зголемува и ризикот од срцеви заболувања.

Ако го слушаме нашето тело, можеме да ги препознаеме најраните симптоми и да реагираме на време, велат лекарите.

Високиот холестерол обично не предизвикува некои значајни симптоми, па затоа е тешко да се утврди.

Сепак, постои збир на физички симптоми кои можат да бидат најраните сигнали дека нешто не е во ред со нивото на холестерол во вашето тело. Ако забележите некој од овие сигнали, најдобро е да посетите лекар:

Болка во рацете и нозете

Акумулацијата на холестерол може да ги заглави крвните садови на нозете и рацете. Акумулацијата на холестерол на овие места често предизвикува болка во рацете или нозете – вели д-р Мајкл Николс.

Чувствувате трнење во вашето тело

Прекините во протокот на крв во одредени делови од телото создаваат трнење во рацете и нозете.

Високото ниво на холестерол ја прави крвта подебела, а со тоа и нормалниот проток е оневозможен, што на крајот се манифестира како чувство на истенчување.

Болка во градите

Болка во градите, особено на левата страна, укажува на блокада на крвните садови околу срцето и може да предизвика болка. Понекогаш болката може да се прошири на вратот – објаснува лекарот.

Чести главоболки

Блокирање на крвните садови во областа околу главата предизвикано од висок холест создава главоболка во задниот дел на главата.

Постојат два вида холестерол, добар и лош, и многу е важно да се внимава тие да бидат во нормални граници, нагласуваат лекарите.

Лекар на клиниката Мајо наведе кои се предизвикувачи за создавање висок холестерол и кои луѓе спаѓаат во најризичната категорија. Еве што води до покачени вредности:

  • Лоша исхрана
  • Дебелината
  • Недостаток на физичка активност
  • Пушење
  • Возраст