Српскиот претседател Александар Вучиќ, за евентуалното признавање на Косово вели дека не сака да завршат како македонскиот премиер Зоран Заев.

Со Преспанскиот договор и да не добијат ништо.

Вучиќ во интервју на ТВ Хепи во емисијата „Кирилица“ рече дека признавањето би било само добра новинарска приказна. Србија нема да добие ништо.

Слушнав од еден официјален кинески претставник дека не е се поврзано со Косово. Туку дека преку Косово сакаат да ја урнат цела Србија. Тоа не е далеку од вистината. Иако ќе зборуваат дека најмодерните и најдобрите политичари се тие кои со воодушевување ќе ја прифатат независноста на Косово. Србија да не добие ништо, само убава приказна за весници. Па да завршиме како македонскиот премиер Зоран Заев со Преспанскиот договор, рече Вучиќ.

Вели дека Србија е под притисок од Европската унија и Соединетите Американски Држави да го признае Косово.

ИЗВОРМКД прес
претходниот член,Оригинален рецепт за превкусна мексиканска пица
Следната статијаПрепознајте „мамино синче“ и бегајте што подалеку од него!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде