Никој не може да биде одговорен за туѓите постапки. Секој одговара само исклучиво за сопствените постапки.

Особено ако е возрасен поединец.

Затоа вие не можете да го смените онаа што некој ќе ви го каже, ниту чин што ќе го направи, но имате одговорност за тоа како вие ќе изреагирате.

Затоа е важно да имате на ум:

  • Смисла, а не намера 

Обидете се да разберете што некој ви кажува, а не со каква намера.

Даниел Денет, еден од најголемите истражувачи на умот во современиот контекст, тврди дека доколку ја отстраниме намерата на луѓето како претпоставка за нивните дејства, ќе ги разбираме на сосема поинаков начин.

Разговарајте објективно, така ќе ја елиминирате можноста од страсти, афекти и заблуди.

  • Без драмски ефекти

Постојат луѓе кои се многу драматични дури зборуваат или прераскажуваат нешто. Но драмските ефекти служат да ви потенцираат работи што не мора да значи дека се објективно важни, освен за оној што сака да ги претстави како важни.

Не обрнувајте внимание на драмските ефекти, мимики, гестикулација и невербална комуникација на оној што ви се обраќа, само обидете се да го разберете предметот за кој раскажува.

  • Реакцијата треба да ви е што е можно помала

Потрудете се да изреагирате што е можно помалку во однос на она што некој ви го кажува.

Умереноста во реагирањето ќе го оттргне фокусот од социјалниот перформанс и ќе стави акцент на вашето толкување на смислата на она што некој ви го кажува.

Не се трудете да бидете допадливи, туку вистинити!