Абрахам Маслов е еден од двата најзначајни преставници на хуманистичката парадигма во психологијата.

Вториот е Карл Роџерс.

Маслов е творец на познатата пирамида на потребите на чиј врв се наоѓа потребата за самоактуализација или во превод лично остварување.

Маслов (1970) ги опишал самоактуализираните луѓе како луѓе кои се реализирани и кои прават се за што се способни.

При проучувањето луѓе кои тој сметал дека се самоактуализирани, како на пример Абрахам Линколн, Алберт Ајнштајн, Вилијам Џејмс и др, Маслов идентификувал 15 карактеристики на самоактуализирани луѓе.

Еве кои се тие:

  • Точна перцепција на реалноста
  • Уживање во нови искуства
  • Тенденција за доживување врвни искуства
  • Јасни морални стандарди
  • Смисла за хумор
  • Чувство на блискост со сите луѓе
  • Блиски пријателства
  • Демократски карактер, прифаќање на другите
  • Потреба од приватност
  • Независност од културата или животната средина
  • Креативност
  • Спонтаност
  • Насоченост кон проблемите, наместо насоченост кон себе
  • Прифаќање на човечката природа
  • Отпор кон конформирање.

Интересно е да се спомене дека, според Маслов, можност за лично остварување имаат само луѓе кои успеале да ги задволат своите останати потреби кои се наоѓаат пониско на пирамидата на потреби.

А тие се: физиолошките потреби, потреба за безбедност, потреба за љубов и припаѓање, потреба од почитување, интелектуални и естетски потреби.

Исто така, забележително е тоа што естетските потреби или потребите за сетилно искуство, Маслов ги става над интелектуалните потреби, што е обратно од сите останати хиерархизирања, особено од рационалистите во филозофијата.