Експертите ги проучувале навиките на луѓето, на возраст од 50 до 80 години и откриле дека таквата склоност кај луѓето на средна возраст подоцна може да доведе до когнитивен пад и промени во мозокот.

Поточно, предизвикува штета на сивата материја (која содржи повеќе од 75 милијарди неврони), која е одговорна за скоро сите наши физички и интелектуални способности.

Гледањето телевизија ја оштетува масата на мозокот!

Авторите на истражувањето наведуваат дека луѓето на возраст меѓу 45 и 65 години треба да седат што е можно помалку пред ТВ и да вметнат здрави навики како што се одење, вежбање и медитација во секојдневниот живот.

Когнитивните способности вклучуваат меморија, размислување, комуникација и решавање на проблеми, а со стареењето доаѓа и нивното слабеење и деменција.

Седум милиони луѓе годишно во светот се дијагностицираат со деменција, па експертите предвидуваат дека до 2050 година тој број може да се зголеми за 264 проценти.

Утврдено е дека гледањето на ТВ го оштетува мозочното стебло поради што се забрзува процесот на појава на Алцхајмеровата болест.

Повозрасните лица треба да бидат што помалку пред екран, а што повеќе во природа и на прошетка.

Не е утврдено дали визуелните сензации се тие кои ги оштетуваат мозочните клетки поради комплексноста на составот, или седењето пред ТВ долго време намалувајќи ја циркулацијата и протокот на кислорот во мозокот.