Кога зборуваме за депресивно лице, го замислуваме како лице кое нема волја да направи и најмало движење.
Обичната депресија се одликува со голема пасивност, бидејќи депресивното лице е немотивирано да преземе каква било акција негледајќи смисла во ништо што прави. Едноставно депресивните лица не гледаат никаква смисла и цел во животот, поради што одлучуваат да си го одземат животот и да го прекинат своето страдање.
Насмеаната депресија е многу поопасна од обичната депресија токму затоа што не може лесно да се препознае од околината, ниту лицето кое е депресивно не изгледа како лице на кое му е потребна помош и поддршка од околината. Насмеаната депресија не се третира како проблем, ниту лицето кое страда од депресија е свесно за својот проблем, поради што ова состојба најчесто резултира со самоубиство.
Што е насмеана депресија?
Лицето кое страда од насмеана депресија делува весело и енергично за околината, поради што е тешко да се препознае дека има било каков проблем. Депресивното лице нема никакви пречки во функционирање на секојдневно ниво, а од другите може да се перципира и како лице кое е полно со енергија и исполнително.
Но, соочувањето со депресијата настанува кога лицето ќе остане само и ќе се соочи со самото себе. Во тој момент сфаќа дека животот нема никаква смисла, дека нема иднина, нема цели кон кои се стреми, не размислува како ќе биде утре, или себе се казнува претерано поради некоја грешка во минатото. Лицата кои страдаат од „насмеана депресија“ нема да си признаат ниту себе дека имаат некаков проблем, а другите ги сметаат за стабилни и здрави единки.
Она по што насмеаната депресија е поопасна од обичната депресија е можноста, депресивното лице да преземе иницијатива и акција, дури и кога е во прашање посегнување по сопствениот живот. Најголем процент од лицата што страдаат од насмеана депресија завршуваат со самоубиство.
Како да препознаете дека на вашиот близок му е потребна помош?
И покрај тоа што изгледаат премногу социјални и лидери во друштво, лицата кои страдаат од насмеана депресија често се осамуваат, не воспоставуваат лесно контакт дури и со своите најблиски и одбиваат контакт.
Ако се обидувате да ги исконтактирате, а тие не ви креваат на телефон или одговараат на повиците, тоа значи дека нивното соочување со себе не е пријатно.
Обидете се да добиете одговори, дали е се во ред и инсистирајте на средби, разговори и споделувајте лични искуства. Понекогаш депресивните лица премногу се самокритични и се казнуваат себе поради своите грешки поради што нивното соочување со себе е неподносливо.
Обидете се да им објасните дека грешките се составен дел од животот и дека никој не е идеален. Наведувајте им светли примери на луѓе кои успеале да се извлечат од канџите на депресијата и да водат уреден и среќен живот.
Ризик фактори за развој на насмеана депресија
Наркотиците и алкохолот се најголемите ризик фактори за насмеана депресија. Доколку забележите дека некое лице покажува знаци на насмеана депресија прво препорачајте му здрава исхрана и спротување.
Промена на начинот на живот значително влијае врз менталните состојби.
Исто така, обидете се да интервенирате во начинот на кој ова лице размислува. Сите ние сме последица на многу околности и носиме убедувања кои сме ги „собрале“ од некаде.
На пример депресивните лица во минатото биле премногу критикувани и казнувани за своите грешки и тие како возрасни изградиле однос на преголема самокритичност и намалена љубов кон себе. Обидете се да им посочите дека тоа што некој обрнувал внимание на нивните грешки, не е нивна вина, туку лошо влијание од средината која не знаела како поинаку да го насочи во животот, најчесто поради недостаток на образование.