Годината 2030 е амбициозна, но не е нереална затоа што видовме дека Македонија напредува доста во поглед на усогласувањето на европското законодавство, изјави денеска француската државна секретарка за Европа Лоранс Бун, одговарајќи на новинарско колку години ќе и требаат на земјава за да стане членка на ЕУ.

На заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, Бун, исто така, нагласи дека постои и наредниот чекор, кој како што спомнал и премиерот, уставните измени коишто се важни, коишто се дел од европскиот договор, но и сите реформи коишто ќе треба да се спроведат понатака.

Постоеше таа реформа за проширувањето во поглед на Северна Македонија и ЕУ и таа реформа на проширување е токму во прилог на фаворизирањето на динамиката меѓу ЕУ и земјата која што ги спроведува реформите да биде подинамично, да има повеќе смисла за да има поголема корист отколку претходната методологија. Затоа Франција има доверба и во амбицијата и во крајната цел на премиерот и на македонската Влада – изјави Бун, на заедничката прес-конференција со премиерот.

Француската државна секретарка за Европа Бун, повтори дека овде се да и помогнат.