Портретот на дамата во оган (француски: Portrait de la jeune fille en feu) е француски историска љубовна драма, снимена во 2019 година, по сценарио и режија на Селин Скиам, во кој играат Наоми Мерлан и Адел Хенел.
Дејството се одвива во Франција на крајот на 18 век и се зборува за забранета афера помеѓу аристократка и сликарка на кој и било наредено тајно да го наслика портретот на благородничката.
Портретот на дамата во оган беше избран да се натпреварува за „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал во 2019 година.
Филмот ја освои Квир палмата во Кан, со што стана првиот наградуван филм во режија на жена. Режисерката исто така ја освоија наградата за најдобро сценарио во Кан.
Тој беше номиниран за наградата Спирит, наградата по избор на критичарите и Златен глобус за најдобар филм на странски јазик, а беше избран од Националниот одбор за ревизија на филмови како еден од петте најдобри филмови на странски јазик за 2019 година.