Иако голем број на нас, одморот го сфаќаат како редок период од годината во кој не мораме да местиме аларми или да го следиме времето на часовникот, сепак оваа заблуда не чини многу изгубено време на одморите. 

Одморот исто така има свој рок на траење и важно е времето што е можно повеќе да се рационализира, како би можеле да ги оставите сите желби, потреби и очекувања кои ги имате од одморот.

Зошто е важно да тргнете на одмор со план?

Времето за одмор е ограничено. Некому на една недела, на други на десет дена, но има и случаи кога луѓето заминуваат на некое туристичко место дури и на два – три дена само да почувствуваат сонце, плажа, песок и вода и да ги тргнат мислите од секојдневието.

Во зависност од тоа колку време имате на располагање, имате простор и да испланирате што ќе правите на одмор. На пример не можете да очекувате дека ќе ја посетите цела географска област околку морето или езерото ако имате на располагање само два-три дена. Во тој случај извидницата на околните места и историски значајни објекти ќе би претставува мачење, а не уживање.

Составете листа на приоритети и тргнете на одмор. Важно е да одлучите што сакате да правите. Дали да ги поминувате деновите на плажа со книга во рака, или можеби поважно ви е да седите на тераса со поглед кон морето и да го пиете вашето утринско кафе неколку часа.

Доколку не го испланирате времето, одморот нема да ви биде ефикасен

Не си го расрфлајте драгоценото време на ад хок носење одлуки за тоа што ќе правите на одмор денеска. Тој дел направете го нанапред, а во времето предвидено за одмор само реализирајте ги вашите планови и желби.

Многу е полесно да направите нешто ако знаете што сакате.

Не прифаќајте непредвидени ситуации

Кога сте на одмор имате право да го исклучите вашиот мобилен телефон и да не користите социјални мрежи. Најавете им го тоа на вашите колеги и на вашето семејство.

На тој начин ќе избегнете стресови од повици и пораки на луѓе кои немаат обзир кон вашето време предвидено за одмор. Едноставно имате право да одморате кога сте на одмор, а не да се уморувате со туѓи очекувања или проблеми кои настануваат додека не сте на работа или дома.