Грција есенва би можела повторно да ги воведе ограничувањата и мерките против ковид, доколку тоа биде потребно.

Ова го изјави министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис, со оглед на порастот на позитивни случаи и зголемениот број на реинфекции.

Министерот рече дека на есен се очекува притисок на јавниот здравствен сиситем, поради што во септември постои можност за низа „благи“ мерки за заштита од ковид на одредени категории на граѓани.

Иако носењето на заштитни маски не е задолжително, Плеврис потсетува на индивидуалната одговорност за носење маски во затворени простории и при масивни собири.