На денешен ден во 1937 година, во Маслеников, Русија е родена Валентина Владимировна Терешкова. Таа била „Јуриј Гагарин во здолниште“.

Била лансиран во вселената само две години по овој славен Русин.

Терешкова била првата жена што летала во вселената на 16 јуни 1963 година и прва поминала скоро три дена во орбитата.

Била лансиран од космодромот Бајконур во денешен Казахстан во леталото Васток 6.

За нешто помалку од три дена во вселената, таа направи 48 кругови околу Земјата.

Тоа беше две години откако Гагарин отиде во вселената како прв човек.

Пред да замине во вселената, Терешкова поминала низ строг процес на избор.

Се пријавиле повеќе од 400 жени, а на крајот останале уште пет финалисти.

Таа била избрана за мисијата пред се поради огромното искуство во скок со падобран, што на крајот од мисијата се покажало како клучно за враќањето дома.

Кон крајот на патувањето, Терешкова забележала дека нејзиниот брод започнал да се оддалечува од Земјата, наместо да се приближува.

Бродот бил програмиран за искачување, а не за паѓачка патека. Почнав да се искачувам сè повеќе, наместо да се спуштам на земја. Успеав на време да пријавам на контролата на Земјата што се случува, рече таа години подоцна.

Поради нејзината лична безбедност, Терешкова морала да скокне со падобран од висина од нешто повеќе од шест илјади метри и слета во близина на границата на Казахстан, Монголија и Кина.

Потоа го замолив да не го казнува лицето кое е одговорно за грешката, затоа што знаев дека ќе биде казнет строго. Тој настан беше тајна што ја чував 30 години, рече Терешкова пред неколку години.

Нејзината мисија била 12-та во историјата на човештвото и била прва жена во вселената.