Заврши седницата на Кризниот штаб во Србија на која беше анализирана моменталната епидемиолошка состојба. Одлучено е да има затворање од сабота во 12 часот, пренесуваат српските медиуми.

Денеска сè ќе работи до 12 часот, а до понеделник, до 6 часот наутро, ќе работат само продавниците за храна, лекови и горива – рече членот на Кризниот штаб, Предраг Кон и додаде дека средните училишта од понеделник ќе бидат префрлени на часови преку Интернет.

Тој исто така објасни дека се разгледува можноста и за часови преку Интернет за децата од основно училиште, но дека предлогот не е прифатен.

Според него театрите ќе можат да работат, закажани спортски настани може да се одржат, но без публика.

Како што наведува, во понеделник, сè ќе работи како и пред мерките донесени на денешната седница.

На прашањето дали следните два дена ќе имаат ефект, Кон вели – „Мислам, но нема да биде доволно“.

Тој додаде дека „единственото на што се потпираме е имунизацијата“ и нагласи дека имунитетот од вакцината е поголем од оној после болеста.