Некогаш мувата популарно ја нарекувале ѓаволска пчела и тоа со добра причина. Овој инсект може да пренесе колера, дизентерија, тифус, но и бактерии кои играат улога во создавањето чир на желудникот.

Мувите се собираат главно околу остатоци од храна или животински измет, а сето тоа се места каде што може да се најдат огромен број на бактерии и вируси.

Експерти од Универзитетот во Пенсилванија дошле до заклучок дека мувите можат да пренесат дури 351 вид на бактерии! На телото на овој инсект местата каде што најмногу се размножуваат несаканите микроби се нозете и крилјата. Покрај тоа, истото истражување заклучи дека мувите во градовите можат да пренесат повеќе болести од другите.

Овие досадни инсекти пренесуваат микроорганизми кои се одговорни за појава на сериозни болести како дизентерија, салмонела, стомачен грип, тифусна треска, колера, туберкулоза итн.

Некои биолози предупредија дека кога мувите слетуваат на некое место, оставаат зад себе колони бактерии.