Комисијата за заразни болести констарира пораст на бројот на болни од ковид-19, но и во соседните земји и потсетува дека е задолжително носењето маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и во јавниот превоз.

Дополнително, се потсетува дека е препорачливо заради заштита на сопственото и на јавното здравје граѓаните да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска , одржување растојание и почесто миење раце.

Во соопштението по одржаната седница, Комисијата за заразни болести информира дека е констатирано зголемување на бројот на позитивни случаи на ковид-19 во однос од минатата недела, и тоа зголемувањето изнесува 65,8%. Воедно, констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со ковид) и дека нема зголемување на бројот на смртни случаи.

Согласно овие параметри и земајќи го предвид трендот на зголемување на позитивните случаи од Ковид во соседните држави и светот, потсетуваме на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз.

Дополнително, препорачуваме граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска , одржување растојание и почесто миење раце.

Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки“, се вели во соопштението.