дома животен стил Мудар човек vs. Паметен човек

Мудар човек vs. Паметен човек

Разлики помеѓу мудар и паметен човек не е лесно да се воочат, но неколку примери ќе ви помогнат да ги согледате

1297
0

Во секојдневна комуникација често го користиме терминот – паметен, од паметен човек, преку паметно милениче, до паметен телефон (smart phone).

Ретко се среќава придавката „мудар“ и тешко е да се одреди што е мудар човек, дури и за студентите по филозофија.

Интиутивното разбирање за „паметен“ човек е – некој што поседува информации, што знае да го артикулира технички правилно своето знаење и кој владее со одредена област од човековото знаење.

Мудрост е вечен идеал, уште од античкиот период, па се до денеска. Обично мудар човек го замислуваме како стар, со седа коса кој зборува поучни работи (советува).

Но постои голема разлика помеѓу паметен човек и мудар човек, а ние ви откриваме неколку карактеристики според кои може да ги разликувате:

man wearing white collared shirt

Паметен човек има информации / мудриот знае како да ги користи правилно

Паметен човек може да биде „жива енциклопедиа“ и да знае информации што никогаш не би ви паднале на ум – како на пример што е Хајзенбергова константа, но додека паметен човек може да ви рецитира податоци од меморискиот корпус, мудриот знае каде и на кој начин треба да ги искористи.

Мудриот човек можеби нема да знае што е Хајзенбергова константа, но ќе знае како да ги наведе другите луѓе на одредена реакција.

Паметен човек има интелигенција / мудриот знае како да ве направи поинтелигентни

Паметниот човек може да има високо IQ но тој може да нема метода како да го поттикне развојот на интелигенцијата кај другите луѓе. Наспроти тој пример, мудриот можеби ќе добие пониски резултати на тестот за интелигенција, но ќе знае како да ги поттикне другите на размислување, раст и развој.

Ова разлика најдобро ја воочува Жан Жак Русо во една реченица: Вистински учител не е оној што ќе знае да улови риба, а потем ќе ти ја даде да ја изедеш за да не бидеш гладен, вистински учител ќе те научи како се лови риба и повеќе никогаш нема да бидеш гладен!

Паметен човек не знае кога треба да замолчи

Паметниот ќе се расфрла со своето знаење насекаде иако тоа нема да има никаков продуктивен ефект, ниту по другите, ниту по него. Напротив тој може да стане досаден за своето опкружување и избегнуван.

Мудриот човек знае кога вреди да зборува, а кога треба да замолчи и со пример да инспирира на заклучок или дејство.

Паметниот човек е исполнителен работник, мудриот е добар лидер

Паметен човек знае се за својата работа и тој ќе биде најкорисниот работник во фирмата, но тој нема капацитет да повлече следбеништво, да ги менаџира другите и да биде омилен помеѓу нив.

Мудриот човек е добар лидер, тој нема да се истакнува премногу со своето знаење, но иако од сенка ќе ги поставува работите во организацијата на свое место и без него генерално организацијата не би функционирала правилно.