Воспалителните процеси може да бидат предизвикувачи за разни болести, а хроничното воспаление доведува до проблеми со срцето, дијабетес тип 2, па дури и го зголемува ризикот од рак.

Џенис Гибрин, диететичар и инструктор на Универзитетот Џорџтаун, наведе неколку намирници кои никогаш не треба да се јадат навечер, бидејќи тие создаваат верижна реакција во телото што може да доведе до воспалителни процеси.

Иако често слушаме дека не треба да јадеме тестенини, леб и други јаглехидрати за вечера, месото може да биде многу поголем проблем.

Студија спроведена во Америка покажа дека маснотиите што се наоѓаат во црвеното месо активираат воспалителни реакции поинаку од оние што ги користи имунолошкиот систем за да не заштитат.

Со други зборови, воспалението се активира во телото, кое нема одбранбен, но штетен ефект.

Никогаш не јадете говедско, пилешко, свинско, хамбургери за вечера … Ако не можете да спиете без протеини, изберете протеини од растителни извори, бидејќи месото ќе предизвика воспаление, објасни таа.

Скарата е посебна опасност, бидејќи печеното, изгорено месо дополнително го влошува воспалителниот процес.