Истражувањата покажаа дека спиењето на левата страна не е мит, туку вистина што може да влијае на целокупното здравје на организмот. Ова се причините зошто треба да спиете исклучиво на левата страна.

  • Слезината работи подобро

Слезината е најголемиот орган во лимфниот систем и се наоѓа на левата страна на телото.

Кога спиете на левата страна, слезината работи подобро и поефикасно.

Главната причина за тоа е гравитацијата, која го стимулира протокот на крв во слезината и на тој начин овозможува побрзо да ги филтрира нечистотиите.

  • Го забрзува чистењето на телото

Врската помеѓу тенкото и дебелото црево се наоѓа на левата страна на телото, така што, како и кај слезината, гравитацијата помага во нивната работа.

Така спиењето на левата страна на телото го олеснува транспортот на отпад од тенкото црево до дебелото црево. На тој начин, сe што треба да излезе од телото преку дебелото црево, ќе излезе побрзо.

  • Ја подобрува функцијата на лимфниот систем

Лимфната течност извршува клучни задачи во борбата против инфекциите и го ослободува телото од токсини и други штетни материи.

Лимфниот систем е претежно лоциран на левата страна. Минувајќи низ телото, лимфната течност носи токсини со себе и ги прочистува лимфните јазли на својот пат.