Многумина од нас се грижат дали имаат доволно витамин Д, особено откако неодамнешното истражување покажа дека тој игра значајна улога во борбата против вирусните инфекции, вклучително и коронавирусот.

Но, најчесто овој сончев витамин, кој нашето тело го добива со директно изложување на сонце, го поврзуваме со слаби коски.

Имено, без доволно витамин Д, нашето тело не може добро да го апсорбира калциумот за да ги одржи коските цврсти. Но, последната деценија ова е една од најистражуваните области и денес знаеме дека витаминот Д игра значајна улога во нашиот имунолошки систем и целокупното здравје, а една неодамнешна студија објавена во European Heart Journal покажа дека недостатокот на витамин Д, исто така, му се заканува на нашето срце.

Имено, луѓето со недостаток на витамин Д имаат поголема веројатност да развијат срцеви заболувања и висок крвен притисок од оние со нормално ниво на витамин Д.

Според хрватските упатства, 75 nmol/L се сметаат за нормални. Учесниците во студијата кои имале најниско ниво на витамин Д во крвта имале повеќе од двојно поголем ризик од срцеви заболувања.

За жал, недостатокот на витамин Д е многу чест. Се проценува дека дури 40-50 отсто од населението во нашето подрачје има недостаток на витамин Д, а најниски вредности се забележуваат во зимските месеци, бидејќи тогаш сме помалку на сонце.