Вчера во 18.10 часот во East Gate Mall министерот за здравство Беким Сали кој во својство на граѓанин го посети молот, даде прва помош на лице кое забележал дека доживува епилептичен напад. 

Министерот за здравство се поставил во својата примарна улога на лекар и човек и прв пружил помош на младиот човек кој имал епинапад.

Ова неверојатна глетка ги воодушеви сведоците на настанот кои коментираа дека да се биде лекар значи да се биде на должност 24 часа, а актуелниот минитер за здравство е пример за тоа како еден лекар треба да се грижи за луѓето.