Доколку постои љубов, мора да има и љубомора и тоа е точно. Но, факт е дека љубомората не може да донесе ништо добро, единствено што може да направи е да ја угуши љубовта.

Љубомората е страв дека ќе ја изгубите саканата личност и тој секако треба да постои, но не смее стравот да биде примарно чувство туку љубовта.

Еве зошто не треба никогаш да правите љубоморни сцени:

  • Љубовта не се покажува преку љубомора

Постојат многу поубави начини да ја покажете својата љубов, од љубомората.

Покажете му на вашиот партнер разбирање, почит, безрезервна поддршка, покажувајте му внимание секој ден.

Тоа сигурно многу повеќе ќе има ефект од нападни на љубомора кои ја вадат на површина вашата слабост.

Покажете ги јаките страни!

  • Бидете единствени

Не повторувајте епизоди на големите мудреци и советници за љубовта за тоа како да постапите кон вашиот партнер во одредени ситуации.

Не имитирајте облик на однесување, бидете свои, спонтани и искрени.

Тоа ќе ви обезбеди високо место во срцето на партнерот.

Кога се емоции во прашање никој не сака промислени луѓе, што секој чекор го планираат и очекуваат резултати за возврат.

Љубовта не е математичка операција!

  • Доверба

Довербата е клучот на секоја успешна љубовна приказна. Имајте доверба во вашиот партнер / ка и оставете го/ја сам/а да одлучи како ќе се постави во одредени ситуации.

Не можете да бидете штит, ниту ќе спречите нешто ако кон вашиот партнер се однесувате како кон предмет и посед кој може да го тргнете од едно место на друго.

Имајте доверба и во него/неа и во себе и сите обиди да ви биде загрозена врската ќе бидат залудни!