Стресот никогаш не е очекуваан. Во текот на денот ни се случуваат толку многу ситуации што сигурно една од нив може да генерира стрес.

Но доколку се подготвивте за денот и ги предвидите сите околности, тогаш и ќе ги контролирате вие нив, наместо тие вас.

Неколку совети како да си организирате ден од стрес:
  • Ниски очекувања

Многу е важно да си ги намалите очекувањата и да ги држите на ниско ниво.

Високите очекувања може да генерираат стрес доколку не ви се исполнат.

  • Медитација

Пред почетокот на денот, наместо кафе, направете мала медитација во времетрање од 10 до 15 минути.

Применете техники на дишење или замислете ситуации во кои голем број на проблеми се движат кон вас, а вие успешно ги избегнувајте. Буквално визуелизирајте го тоа.

  • Бидете подготвени на се 

Во секој момент може да се случи било што, затоа не изненадувајте се премногу.

Помалото изненадување ќе ја одржи разумноста и ќе ве наведе да одговорите поразумно на секоја ситуација.

  • Канализирајте стрес

Најдобар начин на канализирате стрес е физичка активност. Затоа денот почнувајте го со медитација, а завршувајте го со физичка активност.

Фазичката активност е најдобар начин да го испуштите стресот, наместо алкохол, цигари или други супстанци кои штетат на вашето здравје!