Оваа честа акција има приказна која се враќа далеку во минатото.

Легендата за чукање со чашите 

Една од легендите вели дека во средниот век, луѓето тропале чаши за да ги истераат демоните.

Приказната е поврзана со црковните sвона, за кои се верувало дека звукот ги брка сите темни сили.

На средновековните судови во Европа, непријателите биле „отстранувани“ со истурање отров во вино.

Откако оваа „тајна“ стана позната, за да ја добие довербата кај гостите, домаќинот на големи гозби ги чука чашите со гостите за да ги мешаат пијалоците, а гостите стануваат сигурни дека нема отров во нивните вина.

Оттука и обичајот домаќинот секогаш прво да го проба виното пред да му го понуди на гостинот.

Во античка Грција, звукот играл важна улога и во пиењето вино, но бидејќи Грците верувале дека виното внесува убавина на сите сетила, па освен вкус, боја и мирис, тропањето чаши создава атмосфера за ушите.