Во 2000 година за прв пат е направено бебе од тројца родители, при што се земени митохондрии од две различни јајце клетки.

Митохондриите од едната јајце клетка имале проблематична генетска информација при што биле заменети со митохондрии со друга генетска информација од друга јајце клетка. Во 2001 години се роди женско дете – Алана која денеска живее во САД и практично има тројца родители.

Сепак една година откако беше направена првата интервенција во митохондриите на јајце клетката во САД, ова медицинска постапка беше забранета со закон под изговор дека станува збор за „неетичка постапка“.

Но на 3ти Февруари 2015 година британскиот парламент го изгласа т.н. Закон за ембрион со тројца родители, со што во Обединетото Кралство, се дозволува овој третман, како и истражувањето поврзано со тоа.

Во моментов е технички невозможно и илегално да се врши замена на јадрената ДНК, но доколку се разрешат техничките проблеми, истата логика која оди во прилог на замена на дефектна митохондриска ДНК ќе може да ја оправдува замената на јадрената ДНК.