Капетан Кука, или Џејмс Кук е англиски морепловец, откривач на источниот брег на Австралија, многу острови во Јужниот Тихи Океан и прв кој ги обиколил бреговите на Алјаска.

Кук умрел на Хаваи во 1779 година за време на кавга со домородците, чија трета експедиција тргнала во потрага по Северозападниот приод.

Џејмс Кук е значаен не само по неговите откривања на острови и морепловски експедиции, туку и по спречување на болест „скорбут“ која се појавувале тоа време по меѓуморнарите.

Болеста се манифеситрала со треска, паѓање на забите, замор, а состојбата се влошувала до смрт. Капетан Кук губел и по цели екипажи на бродови поради опаката болест.

За среќа капетан Кук забележал дека врската помеѓу болеста и исхраната е клучна. Имено, исхраната на морепловците се базирала најчесто на скроб од компир и месо.

Тие не внесувале витамин Ц преку зеленчук и овошје. Недостатокот на витамин Ц предизвикувал „скорбут“ а потоа и смрт кај патниците.

Капетан Кук иако не знаел за постоењето на витамин Ц во тоа време, тој само забележал дека ако морепловците јаделе повеќе грејпфрут, тие не развивале болест. Со зголемување на дозите на грејпфрут преку исхраната капетан Кук целосно ја искоренил болеста „скорбут“.

Тоа сознание го користеле генерации и генерации морепловци при своите експедиции, а бродовите наместо со компир и месо, се полнеле со повеќе зеленчук и овошје.

Иако капетан Кук успеал да спаси живот на стотици морепловци, неговото пристигнување на островите каде што имало домородно население предизвикало исчезнување на цели домородни заедници најчесто преку болестите што ги носеле или преку целосно менување на воспоставениот начин на живот на кој домородците не можеле да се прилагодат а со нивната дезорганизација исчезнала и целата култура и цивилизација.