Најпозната слика од Леондардо да Винчи е „Витрувијански човек“. Оваа слика има уште многу популарни називи и називи кои се среќаваат низ литературата од област на историја на уметноста.

Витрувијански човек е слика во која се прикажува убавината на човечкото тело по објективните параметри и соодносите на деловите. Всушност „Витрувијанскиот човек“ е скица во која ликовно се прикажува идеалот на човечката убавина.

Image result for vitruvius

Малку кој знае дека оваа скица е именувана по римскиот писател архитект и инжинер – Витрувиј.

За неговиот живот се знае многу малку. Дури и неговото име и средно име не се сигурни. Тие се споменуваат само од Кетиј Фавентин.

Речиси сите податоци за неговиот живот се изведени од неговите дела.

Според неговиот личен опис, познато е дека служел во артилеријата (балиста) од трета класа. Служел и како шеф на „балистата“, надлежен за артилериските експерти (doctores ballistarum) и лицата коишто раководеле со воените машини.

Витрувиј се смета за првиот познат инженер.

Автор е на познатото дело „Десет книги за архитектурата“, кое го посветил на Октавијан Август.

Се претпоставува дека живеел и работел во I век пред н.е.