Креативноста е многу важна карактеристика на луѓето без разлика на тоа со што се занимаваат.

Креативните луѓе имаат секогаш иновативни идеи и ги унапредуваат техниките во насока на зголемување на придобивките.

Иако уметниците се сметаат за најкретивните луѓе, бидејќи тие творат и создаваат, спека уметноста и креативноста е вклучена во секоја работа до одреден степен.

Но што значи кога ќе кажеме „креативност“ и со што се карактеризираат „креативните луѓе“?

  • Неповторливост 

Тие никогаш не се повторуваат и секогаш од нив може да слушнете, видите и очекувате нешто ново и сосема поинакво.

Креативните се вистинско освежување за секоја работа и нив не може ниту друг да ги повтори, ниту тие да имаат ист настап како што имале претходниот пат.

  • Оригинални идеи

Нив постојано им се случува ЕУРЕКА моментот бидејќи се ангажирани во она што го работат максимално.

Имаат оригинални идеи и зборуваат од позиција на мислители, за креативните луѓе не е важна енергијата, ниту вложуваат многу во изгледот, едноставно тие располагаат со идеи и нив ги делат.

  • Самокритичност 

За нив никогаш не е доволно добро и никогаш не ја завршуваат својата работа.

За нив работата е процес, а не две-три лоши или добри епизоди.

Од креативниот човек никогаш нема да слушнете – Еј имам една многу добра идеја. 

А во суштина кога ќе ја слушнете таа идеја сфаќате дека станува збор за сосема просечна идеја или идеја која не е баш толку оригинална и решавачка.

 

 

ИЗВОРМој збор
претходниот член,Симптоми по кои ќе препознаете дека патите од хроничен замор
Следната статијаСовет за жените: Како да избегнете кич изглед и да изгледате дамски!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде