Смутито е задолжителен оброк на некои луѓе. Најчесто се конзумира за појадок, но може да биде совршена замена и за тањир со вечера.

Сепак, при подготвување на смутито правиме неколку крупни грешки кои го намалуваат ефектот на пијалокот врз нашето здравје, еве кои се:

  • Смути со замрзнато овошје и зеленчук 

Многу често ставаме замрзнато овошје или зеленчук во нашето смути, но тоа не е добро решение.

Колку поладни се состојките што ги внесуваме во организам, толку повеќе енергија му трошат на нашето тело првин да ги загрее до телесната температура, а потоа да почне и со процес на варење и разложување.

Смути со состојки кои претходно биле на собна температура или кои се свежи е најдобриот избор за совршено смути.

  • Неправилно пиење

За да се стимулира правилниот процес на варење кој започнува уште во усната празнина, потребно е да пиеме смути голтка по голтка и да го задржуваме меѓу забите и во устата неколку секунди.

На тој начин ја потикнуваме работата на ензимите за правилна и комплетна преработка на состојките.

Ако процесот на варење ја прескокне усната празнина голема е вевројатноста дека при варењето нема да се искористат комплетно сите хранливи вредности на состојките.

  • Време пред конзумирање  

Времето од подготовка на смутито до негово пиење треба да биде што е можно пократко.

На тој начин смутито ја задржува свежината од состојките и содржи потполна хранлива вредност.

Колку повеќе смутито стои, особено на собна температура, толку повеќе пиете бактерии кои се јавуваат неколку часа по подготовката на состојките со цел да ги разложат органиските материи од смутито.