Иако многу од домаќинките низ Македонија првите јајца ги бојадисуваат пред изгрејсонцето на Велики четврток, сепак оваа е само традиција и нема никаква врска со симболиката на бојадисување на јајцата.

Првите јајца треба да бидат бојадисани на Велики петок бидејќи според евангелијата на овој ден е распетието на Исус Христос.

На распетието на Хрисос сведочеле неговите ученици и неколку жени меѓу кои и неговата мајка Марија.

Таа во кошничката што ја понела со себе пред да пристигне на местото каде што Исус се жртвувал, носела неколку јајца.

Од капките крв на Исус Хрисос која била пролеана откако бил распнат на крстот се бојадисале јајцата во крошничката на неговата мајка Марија.

Затоа согласно евангелијата и оригиналните преданија првите јајца треба да се бојдисаат на Велики петок, денот на распетието и тоа само во црвена боја бидејќи треба да ја симболизираат крвта на Исус која паднала во знак на жртвување за спас од гревовите на сите.