Добра вест е што за време на празниците не очекува прилично стабилно, сончево и топло време.

По денови:

Велика сабота 

Претпладне променливо облачно, попладне облачноста ќе се намали.

Ќе дува умерен, во западните делови засилен југозападен ветер.

Максималната дневна температура ќе достигне до 33 степени.

Велигден 

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималмата температура ќе достигне 30 степени, а минималната дневна температура ќе изнесува 8 степени.

Понеделник

Во понеделник ќе има мала промена на времето, со благ пад на дневните температури.

Променливо облачнос со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималмата дневна температура ќе достигне до 26 степени, а минималната ќе биде 7 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде