Во фенг шуи кујната е срцето на домот, а еден од најважните предмети во неа секако е шпоретот. Положбата на шпоретот во кујната може да влијае на благосостојбата и финансиите во куќата, односите меѓу партнерите и успехот на домаќинството, сметаат експертите за фенг шуи. Значи, како правилно да го поставите шпоретот, така што енергијата на богатството и среќата владее во домот?

Шпоретот, како и секоја друга површина за готвење, го персонифицира елементот Оган, кој активно комуницира со сите други елементи во куќата.

Според фенг шуи, ако изберете неповолно место за шпоретот, огнената енергија ќе почне да ги потиснува енергиите кои се послаби и поподложни на уништување од пожар (како што е металот), што негативно ќе влијае на енергетскиот биланс во домот.

Еве ги правилата за фенг шуи за поставување на шпоретот:

  • поставете го шпоретот само на висок и цврст ѕид
    избегнувајте агли
  • не ставајте го „свртен“ кон спалната, тоалетот или влезната врата
  • водоводните цевки треба да бидат колку што е можно подалеку од шпоретот
  • одвојте го шпоретот, фрижидерот и мијалникот со дрвени штици или кабинети,
  • не ставајте го шпоретот под полица, шкаф или помеѓу две чешми,
  • избегнувајте централни простории во куќата за инсталирање на шпоретот
  • не го ставајте шпоретот под прозорец.