Компирите се дефинитивно една од најпопуларните намирници кај нас, но сепак има и такви кои не знаат дека овој зеленчук може да биде отровен, особено кога никнал или е зелен.

Токсинот соланин се наоѓа низ растението, но претставува поголем ризик во зелените или расипани компири, според Националниот институт за здравје на САД.

Најчести симптоми на труење со оваа храна се повраќање, стомачни болки, но може да се појават и халуцинации и парализа.