Во интервју за холандскиот весник „Де волкскрант“, албанскиот премиер Еди Рама исклучително добро го дете­р­минираше национа­лизмот и себичноста на земјите на Европската унија. Оцену­ва­ј­ќи ја политиката на ЕУ преку примерот со кој Бугарија ја практикува добрососедската политика кон Македонија, Рама беше дециден дека ста­нува збор за национален егоизам.

Политиката на ЕУ сѐ повеќе се одредува од националната себичност. Сè помалку е важно што правите, а сè повеќе е важно како другите се чувствуваат кога ќе донесат одлука. И секогаш има место нешто да се приговара. Бугарската позиција за Македонија е најотворениот пример. Холанѓаните знаат нежно да те „убијат“, но кај Бугарите тоа не е блага смрт – вели Рама.

Тој додаде дека Европската комисија двапати дала позитивни сугестии, по што тие сугестии завршиле во „мелницата на националните интереси во Советот, што било многу разочарувачки“.

Потоа ни велат дека не сме подготвени, затоа што тие самите не се подготвени, а оваа приказна трае вечно. Тогаш треба да бидете трпеливи и да се присилувате на воскреснување секојпат. Се разбира, кога Европската комисија двапати даде позитивни предлози, тие сугестии завршија во мелницата на националните интереси во Советот, што беше многу разочарувачки – оценува Рама во интервју за холандскиот весник „Де волкскрант“.