За вкусови не се дискутира, изборот на партнер е секогаш индивидуална работа.

Но постојат општи правила кога е во прашање изборот на машки партнер.

Универзалните карактеристики што го прават мажот „фатален“ се:

Смисла за хумор

Ако мажот има капацитет да ве смее од рано наутро до доцна навечер во текот на целиот ден.

– Тогаш врската со него е вистинско уживање.

Маж со смисла со хумор шири позитивна енергија.

Секогаш е подготвен да ја употреби својата креативност да ви измами насмевка, но и да се жртвува.

Луѓето со смисла за хумор одбиваат да прифатат лошо расположение, или проблем што ги окупира.

Тие секогаш имаат насмевка на своето лице, а успеваат тоа да го преенсат и на другите.

Интелигенција

Нема ништо посекси од интелигентен маж.

Тој знае како да ве разбере, да понуди решение за вашиот проблем и да ви овозможи да растете во заедница со него.

Покрај интелигентен маж секоја жена се развива, надоградува и созрева.

Внимание 

Маж кој е внимателен е сон на секоја жена. Внимателен маж не е само оној што ќе ви го купи омиленото јадење или букет рози за годишнина.

Внимателен маж секогаш внимава на своето однесување, зборување и постапки бидејќи добро знае што може да ве повреди и разлути.

Тој има реален ангажман во тоа како вие ќе се чувствуваат.

Не е од тие типови кои ќе ви го скршат срцето, па ќе ги собираат парчињата во кеса полна со рози.

Заштита

Ве остава да се справите сами во секоја ситуација и ви ја почитува вашата слобода.

Но доколку почувствува дека ви е потребен, тој ќе застане пред вас.

Вистинскиот заштитник не го брани своето его застанувајќи во ваша заштита, туку ви помага полесно да изменаџирате животни ситуации.

Не ве штити затоа што сте „негова“, туку затоа што искрено ги чувствува вашите проблеми и потешкотии.

Ви дели комплименти и ви се заблагодарува 

Тој не престанува да ве потсетува зошто се заљубил во вас и зошто ве сака.

Секојдневно добивате комплименти за вашиот изглед, за вашиот труд, за минималните работи што ги правите за него.

Дури и да му ја направите најневкусната вечера, за него вкусот на вечерата ќе биде занемарлив.

Секогаш повеќе ќе го цени вашиот труд, желбата и времето што сте го вложиле.

Вистинскиот маж не очекува ништо од вас и е благодарен на секоја секунда што му ја посветувате!

Автор: Магдалена Стојмановиќ