Министерката за култура, Стефоска бара да се обезбедат услови за итна вакцинација на најзагорзените културни работници во Македонија.

Според апелот на Стефоска тоа се музичко-сценските работници, а списокот со имиња според нејзините тврдења е доставен уште пред три недели.

Освен министерката, голем број од културните работници исто така побараа да се вакцинираат во приоритетните групи.

Со процесот на вакцинација, културните работници очекуваат работите со културната сцена да се вратат во нормала.