Пареата од готвењето, мирис на цигари, домашни миленичиња и сл. често може да предизвикаат непријатни мириси во вашиот дом.

Сепак, постојат неколку трикови со кои може да придонесете за свеж и долготраен пријатен мирис во вашиот дом, еве како:

flower bouquet in vase near table tba
Ароматичните свеќи и цвеќињата не се само инцидентен додаток на вашата трпезариска маса додека славите „Ден на вљубените“ тие треба да имаат постојано место на вашата трпезариска маса

Поставете ароматични свеќи

Ароматични свеќи со мирис на ванила или лаванда, освен тоа што ќе ја неутрализираат непријатната миризба на чад од цигари, ќе ја освежат вашата просторија со мириси кои ќе ве релаксираат за време на вашиот престој во просторијата.

Изберете омекнувач со интензивен мирис

Поголемите површини од домот кои апсорбираат мириси треба да се перат редовно со омекнувач кој ја задржува миризбата подолго време.

Пожелно е барем еднаш неделно да ги перете завесите и навлаките од пеничињата.

Проветрувајте

Наместо прскање со различен спреј кои ќе даде моментална пријатна миризба, потрудете се почесто да проветрувате во домот.

Правете го тоа особено во утринските часови кога чистиот воздух треба да влезе во просториите на вашиот дом и да се задржи во текот на денот.

Цвеќиња

Вашите омилени цвеќиња исто така даваат голема свежина во просторот. Тие исто така произведуваат кислород со што значително се подобрува квалитетот на воздухот во вашиот дом.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде