Деновиве правиме се за ние и нашите соседи, нашето пријателство и заедничката европска иднина да излеземе од овие предизвици како победници, силни идни партнери и добри комшии, изјави за МИА вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, коментирајќи ги последните случувања на релација Скопје-Софија, но и последната изјава на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Тој вели дека ниту со Бугарија, ниту со која било друга земја или организација, не можеме да преговараме за тоа кои сме, каков јазик зборуваме, и кој ни е идентитетот.