Ако работите во поголема компанија каде има поголем број на вработени, сигурно ќе наидете на колега кој не ви е баш добронамерен. Едноставно може да му пречите во смисла на конкуренција или да не ви се совпаднат енергиите. 

Но тоа не е ваш проблем се додека и вие не почнете да ги играте тие игри. Доколку забележите дека некој не ви е наклонет, останете во својот ритам и немој да менувате ништо. Затоа што баш тој ваш ритам му пречи на колегата. Секоја промена и попуштање што постепено ќе ги правите сакајќи колегијалност накрај ќе ве иструркаат од работното поле и сами ќе си дадете отказ.

Што е важно да знаете доколку имате колега кој не ви е баш пријателски настроен?

  • Фокусирајте се да работите професинално и квалитетно 

Не е важно дали некому се допаѓате или не, важни се само вашите резултати. Доколку постигнувате високи резултати во работењето, станувате се поважен дел од компанијата. Со тек на време луѓето кои не ве сакаат ќе станат ваши подредени, па ќе мора да го менуваат односот кон вас.

Ставете фокус на важни работи!

  • Останете настрана од лошите случувања 

Ако некој ве кодоши, немој да му враќате со иста мерка. Оставете го сам да води конфликт со себе. На луѓето на кои нема да им одговорите, остануваат да се расправаат сами.

За конфликт е секогаш потребен и втор, не прифаќајте туѓи правила на игра и останете над ситуацијата!

  • Нека остане негов проблем

Не дозволувајте туѓото зло да ве вознемири. Останете мирни и не прифаќајте дека имате конфликт со некого. На тој начин ќе успеете да им го покажете лицето на непријателски настроените колеги пред другите.

Кога не давате повод, секој конфликт ќе се сведе на обична аверзија од лична и потсвесна природа која некој неоправдано ја создал кон вас.