Повеќе не е тајна дека на угостителите и хотелиерите им недостига работна сила, а пресвртот се случил кога започнала корона пандемијата, но и по враќањето во „нормала“.

На почетокот на кризата масовно се отпуштале работници, а сега работниците се „тие кои се прашуваат“.

На менито на еден ресторан на Боденското езоро стои натписот: „Поради недостиг на вработени моментално нудиме намален избор на храна“. На сето тоа, во Германија наназад има проблем со сончегледовото масло, кое е клучна состојка не само во домаќинствата, туку и во угостителските објекти.

Тоа не е случај само во Меризбург или во Минхен, туку ширум целата земја. И секако, овој проблем не ги мачи само Германиците. Во меѓувреме, насекаде дошло до бројни преквалификации, особено во погодените дејности.

Telegraf Biznis потсетува дека авио – индустријата е ставена пред невидени предизвици, а најновата вест се штрајковите на Италијанците кои бараат поголеми плати.

Додека готвачите имаат подобри плати и, веројатно, подобри работни услови од келнерите, овие другите се потешко се враќаат во старата професија. Сметаат дека им се мали платите, немаат флексибилност, а смените им се напорни. Да не биле короната и принудните одмори, најверојатно поголемиот дел од нив би продолжиле да ја работат таа работа.

Сепак, околностите ги натерале да побараат и други опции и да го прошират видикот.

Луѓето кои се упатени во случувањата во угостителската индустрија велат дека компаниите не смеат да се откажат од напорите да обезбедат добар квалитет на обука. Значи, вложување во работници, обучување и можност за напредување се дополнителни бенефити кои ги ценат работниците, но често изостануваат.

Ова особено се однесува на младината, професионалците кои припаѓаат на генерацијата Z или на милениумците, а кои констатно бараат поголеми и подобри права, поголеми плати и поголемо ниво на флексибилност, кои би им обезбедиле благосостојба. Значи, се верува дека се потребни општествено – политички напори, особено кога станува збор за професии кои не можат да се работат на далечина.

Неопходно е да бидете на работното место, а тука се појавуваат нови предизвици за многумина кои во текот на работата од дома можат да завршуваат некои неодложни обврски, да се грижат за децата, постарите родители…

Се верува дека потребна е креативност во вработувањето, како и обука на талентите и активација на понатамошнит поенцијали на вработените, како што се жените кои се враќаат на работа или менуваат кариера. Во угостителството, како и во хотелиерството, има доста жени, па важно е да се пронајдат соодветни мерки кои ќе им дадат адекватна флексибилност за да можат да градат и семејства.