Дали сакате да бидете исончани и вашата кожа да остане мека и негувана?
Направете сопствено масло за сончање од сосема природни состојки, што е исто така одличен лосион за тело.
Подготовка:
3 дл маслиново масло, 1 дл кантарион и 2 моркови.
Изрендајте го морковот во тегла и прелијте го со маслиново и масло од кантарион.
Запечатете добро и оставете да стои неколку дена.
Повремено протресете ја содржината. Потоа процедете и истурете во шише.
Внимание
Ова масло нема висок заштитен фактор и не е доволна заштита за силното летно сонце, доколку имате бел тен, почекајте кожата малку да се прилагоди и да добие боја.
Ако се грижите и избегнувате црвенило, по само два дена ќе бидете убаво исончани со нежна кожа како сатен.