Албанскиот премиер, Еди Рама, на својот фејсбук профил објави дека „Ер Албанија“ нуди големи поволности кога се авиоуслугите во прашање.

Имено, од идниот месец од аеродромот во Кукуш ќе има летови до Цирих и Истанбул по многу поволни цени.

Цената на билетот ќе биде 1 евро, а патниците ќе треба да ги покријат и аеродромските такси.

Со тоа од Албанија до Цирих и Истанбул летот вкупно ќе чини 12 евра.

Еди Рама, забележа дека, овие поволности нема да ги користат само граѓаните на Албанија, туку сите од регионот, вклучувајќи ги и граѓаните на Македонија.