Љубовта кон себе е најважна. Човек не може да ја разбере љубовта ако прво не ја има кон себе.

Замислете само човек кој си штети себе и не може да се контролира во својата автодеструктивност, каква доверба имате во него дека ќе има емпатија кон тоа како ќе ви е вам доколку ве повреди?

Но љубовта кон себе, се стекнува и таа е резултат на работа.

Луѓето имаат голем проблем да се засакаат себе си, особено ако живееле во престрога средина во која само биле казнувани, понижувани, растеле без љубов и сл.

Односот на другите кон нив во рано детство има големо влијание од односот на возрасните кон самите себе.

Но постои надеж, човек целосно да се трансформира и да се засака себе си.

За почеток применете ги овие неколку правила:

  • Кажете си „Те сакам“ 

Не сте ни свесни колку сте сурови кон себе и само се критикувате за се нешто.

Застанете барем еднаш во денот пред огледало и изговорете три пати „Те сакам“

  • Наградете се

Секогаш кога заслужувате награда не очекувајте некој да ви ја врачи, слободно наградете се самите себе.

Кажете си браво и потапшајте се себе си по рамо!

  • Никој нема право да ве критикува 

Па макар да не се допаѓате на ниту една личност на овој свет, никој нема право да ве критикува.

Сите носиме одговорност за своите постапки, пред сопствената совест или пред институции за проценување што е легално.

Најморалните луѓе не судат на никој, тие ќе ве разберат и ќе ви дадат поддршка, никогаш нема да ве осудат и критикуваат!

  • Не дозволувајте луѓето да ви се приближат премногу

Внимавајте кого пуштате во вашиот живот, бидејќи со тоа правите опасност некој да ве повреди.

Не може да ве повредат луѓе што не ви значат ништо, туку оние кои ја изневериле вашата доверба.