Има вистина во тоа дека секој човек е уникат, неповторлива единка и микрокосмос. Но не секогаш неговата уникатност е видлива.

Понекогаш луѓето се затвораат во клишеа, стереотипи и општествени конвенции што ги прават униформирани.

Поголем број на луѓето тежнеат да наликуваат едни со други и да не отстапуваат многу од средината.

Тоа е затоа што отстапката од средината не го третираат како оригиналност, туку како општествена девијација.

Група на слични луѓе почнува да се претвора во маса и толпа и го губи својот идентитет и индивидуалност.

Дали навистина сакате и вие да сте навртка во еден голем механизам или сакате да имате автентично постоење?

Ако го изберете одговорот под Б, тогаш ви предлагаме како да работите на истакнување на својата уникатност:

  • Тргнете од себе, а не од другите 

Туѓата перцепција за работите не е ваш проблем, секогаш тргнете од себе кога пристапувате кон некој проблем, тема или теза.

Не се воздржувајте да го истакнете своето мислење, дури и кога не сте подготвени да го одбраните најдобро.

Тоа што нема да можете секогаш да го прикажете како најдобро решение, не значи дека треба да престане да биде ваше.

Ако на пример подржувате геј бракови во конзервативна средина, сигурно нема да можете да ги оправдате вашите ставови како исправни, но тоа не значи дека треба да се откажете од нив!

five human hands on brown surface

  • Работете го она во што сте добри 

Не се занимавајте со работи за кои не сте квалификувани и не коментирајте теми за кои не сте компетентни.

Работете го само она во што сте добри и давајте си право да зборувате и коментирате само она за што сте образование, квалификувани и чија материја ја познавате.

Така ќе ја развиете самодовербата и ќе го пронајдете сопственото место каде треба да се истакнете како уникат.

  • Имајте почит кон туѓите мислења 

Тоа што туѓите мислења се разликуваат од вашите не значи дека не заслужуваат почит.

Напротив треба да имате почит кон туѓите мислења само како ТУЃИ мислења.

Почит значи дистанца, а не идентификација со нив.