Денеска ќе биде променливо облачно, уште од претпладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе има услови за локална појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и услови за појава на град.

Минималната дневна температура во Скопје ќе биде 15 степени, а максималната дневна ќе достигне до 25 степени.

Температурните разлики до петокот значително ќе варираат, така што утре не очекува малку повисока дневна температура, додека во наредните денови – среда, четврток и петок, дневната температура ќе достигне високи 30 степени.

Времето до петок ќе биде облачно и врнежливо, а услови за грмежи и невреме ќе има во средата, четвртокот и петокот.

До крајот на неделата се очекува да се задржи истата метеролошка слика како и денеска.