Многумина од нас не можат ни да замислат дека нивниот работен ден не започнува со кафе што „не подигнува од мртвите“ и нè одржува фокусирани.

Освен што нè крева, кафето нема доволно хранливи својства за да се смета за квалитетен пијалок.

Затоа е погодно малку да се збогати со супер состојки.

Кокосовото масло, покрај многу убави својства, има корисен ефект врз организмот одвнатре – го забрзува метаболизмот, го зајакнува имунитетот, го намалува крвниот притисок, а заситените масти обезбедуваат енергија и не се држат до колковите.

Додадете една лажичка кокосово масло во цеденото кафе и изблендирајте го.

Кафето го забрзува метаболизмот, а во комбинација со кокосовото масло потполно ќе ви помогне да ослабнете.